јули 3, 2019

Охрид, 3. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Делови од Охрид претпладнево се без вода и со намален притисок.

– Поради настанат дефект на водоводната мрежа, од 08:30 часот има прекин во водоснабдувањето на улицата „Јордан Мијалков“, а намален притисок има во населбата Бејбунар, селата Лескоец, Велгошти, Лакочереј и во населбата Црногорци, информираат екипите на РЕ „Водовод“ од Охрид, кои се на терен и работат до отстранување на дефектот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука