ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Следете ја расправата на УНЕСКО во Баку за Охридскиот регион ВО ЖИВО

Баку/Охрид, 3. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве се одвива, 43-та сесија на Комитетот за Светско Наследство во Баку, Азербејџан.

На агендата е разгледување на потребата Охридскиот регион, нашето единствено светско природно и културно наследство да биде прогласено за светско наследство во опасност.

Неколку дена пред сесијата на УНЕСКО во Баку, беше соопштено дека инспекциските служби во Охрид констатирале нелегална градба кај 1.076 предмети, од кои 409 во заштитениот појас на крајбрежјето на Охридското Езеро, во Националниот парк „Галичица“ и стариот дел на градот, според новиот Регистар за нелегални градби на територијата на општина Охрид во периодот од 2006 до 2019 година. Како што е наведено, регистарот бил изработен согласно препораките на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.

Во Баку замина владината делегација во состав на министерот без ресор Едмонд Адеми, заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и градоначалникот на Охрид д-р Константин Георгиевски, каде ќе дискутираат за состојбата во Охрид, а владината прес служба соопшти дека тие ќе го нагласат и афирмираат ставот дека Владата „е комплетно посветена на зачувување на статусот на Светското културно наследство на Охридскиот регион. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: УНЕСКО

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави