Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Пуштени во продажба билетите за NUMB – Tribute to Pink Floyd

Охрид, 4. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од денес се пуштени во продажба билетите за проектот кој е најавен како вистинско интимно музичко задоволство, NUMB – Tribute to Pink Floyd.

– Музиката се врати дома. Билетите по рекламна цена од само 300 денари од денес се продаваат во сите „Тамаро“ маркети во Охрид и Струга, Music Shop ZZ Top, тезга „Аждер“ градска чаршија и плажата Cuba Libre. Цената на билетите на врата, вечерта на самиот настан ќе биде 400 денари. Затоа побрзајте и бидете дел од овој фантастичен настан. Резервации на билети на 075/453-294, резервации на маси во Cuba Libre 075/357-545, додаваат организаторите.

Проектот NUMB – Tribute to Pink Floyd во Охрид ја имаше премиерата минатата година на сцената „Долни сарај“ и според многумина, беше еден од настаните кои го одбележаа летото.

Во полн состав, на 18-ти овој месец, на популарната плажа Cuba Libre ќе бидат изведени 16 од најголемите хитови на Pink Floyd, пропратени со спектакуларно видео и лајт шоу. Ќе се изведат „Shine on your crazy diamond“, „Learning to fly“, „Hey you“, „Another brick in the wall“ и уште 12 ремек дела од опусот на групата.

Зад проектот NUMB – Tribute to Pink Floyd стои екипа од 11 музичари од Охрид и Струга: Димитри Алчев (гитара и вокал), Анатоли Арнаудоски (гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Владомир Кречоски (бас гитара), Никола Јосифоски (клавијатури), Ангелко Јовчески (перкусии), Горан Папазоски (саксофон), Ѓоко Танески (вокал) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како пратечки вокали. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави