Скопје, 4. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со решение на инспектор, стопирани се двете градби во Охрид, едната сред брегот на езерото и другата во центарот на градот, зад кои стои советник од Општината.
– Решението е издадено, следува процес на извршување. Законот мора да важи еднакво за сите. Ако не постапи Општината, ќе постапи државата. Тоа не е само поради УНЕСКО, туку и поради законите во земјава кои треба да се почитуваат, истакна денес премиерот Зоран Заев.
Според него, сѐ уште можеби се гради зашто институциите треба да постапат по решението, но ако некој не го почитува решението, ќе следува кривина одговорност. (Крај)
извор: ПлусИнфо фото: архива
Прочитано: 21