јули 5, 2019

Охрид, 5. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Дискус хернија се јавува кога ’рскавицата (дискот) меѓу пршлените на ’рбетниот столб ќе се „скине“, а јадрото на дискот протекува.Водич за физикална терапија на дискус хернија

Дискус хернијата може да биде предизвикана од ненадејна траума или како последица на долготраен силен притисок на пршлените од ’рбетниот столб. Оваа состојба најчесто ги погодува луѓето на возраст од 30 до 50 години. Мажите имаат двојно поголема предиспозиција да им биде дијагностицирана дискус хернија за разлика од жените. Неправилно подигнување товар, дебелината, физичката неактивност и лошото држење на телото се ризик фактори за настанување на дискус хернија. Статистиките покажуваат дека најголемиот дел од од пациентите на кои што им е дијагностицирна дискус хернија (95%-97%) НЕМААТ потреба од операција и најдобро се третираат со физикална терапија. Физиотерапевтите прават посебен план на третман за да им помогнат на луѓето со дискус хернија да ја намалат болката и да се вратат на секојдневните активности.

Што е дискус хернија?

’Рбетот е составен од 33 пршлени (коски) наредени еден над друг. Помеѓу секој пршлен се наоѓа дел од ‘рскавица како перниче наречена “интервертебрален диск”. Надворешниот дел од дискот се нарекува анулус фиброзус (АФ), а внатрешниот дел е како желатин и се нарекува нуклеус пулпосус (НП). Кај лица помлади од 30 години, дискот е мек, флексибилен. Со текот на годините дискот може да изгуби одредена флексибилност. Доколку се случи некоја траума, прстените што се на надворешниот дел од дискот (АФ) може да се скинат, а јадрото од типот на желатин (НП) може да истече. Ова протекување или испакнување на желатин се нарекува дискус хернија.

Симптомите што предизвикуваат дискус хернија може да се појават брзо или да се развиваат бавно со тек на времето. Ненадејна повреда може да се случи кога поединецот крева нешто тешко додека е во лоша позиција. Ова го зголемува притисокот на ’рбетот и предизвикува надворешниот дел од дискот да се скине.
Може да настане бавна повреда како резултат на седење или стоење со лошо држење на телото (на пример кога сме свиткани нанапред) со часови, недели или години, како резултат на тоа полека доаѓа до прекумерно истекување или раскинување на надворешниот дел од дискот. Најчестата област на ‘рбетниот столб за да се случи дискус хернија е долниот дел од грбот, т.е на половината. Дискус хернија, исто така, често се појавува и на вратните пршлени.

Image may contain: text

Какво е чувството ?

Дискус хернијата може да предизвика болка, затегнатост, вкочанетост, слабост или трнење во вратот, грбот, рацете или нозете. Ако напукнатиот или набабрен дискус притиска на некој од нервните влакна, тогаш може да дојде до појава на болка или мускулна слабост, во спротивно доколу истиот не врши пристисок на некој од нервите тогаш немора да значи дека ќе има појава на болка или некој од наведените симптоми. Иако болката во грбот или вратот може да биде предизвикана од дискус хернија, тука може да бидат вклучени и други фактори. Вашиот физиотерапевт може да ги тестира и исклучи другите можни услови.
Ако дискус хернијата сериозно притиска на нерв или притиска на ‘рбетниот мозок, може да биде потребна операција за веднаш да се ослободи тој притисок. Вашиот физиотерапевт може да ви помогне за да се утврди дали станува збор за некоја од овие состојби и ќе соработува со вашиот лекар и хирург за да се утврди точниот третман.

Симптоми

Видот и местото на кое се јавуваат симптомите зависат од видот на дискус хернијата и каков притисок прави на околните нерви. Дискус хернијата може воопшто да не предизвика болка, или може да предизвика било кој од следниве симптоми:

• Болка во вратот, грбот, половината, рацете или нозете
• Неможност за свиткување или вртење на вратот или грбот
• Вкочанетост или трнење во вратот, рамената, рацете, дланките, колковите, нозете или стапалата
• Слабост во рацете или нозете
• Зголемена болка при кашлање, кивање или седење
• Потешкотии при станување од стол
• Неспособност за останување во една позиција подолго време, како што седење или стоење, поради болка
• Зголемена болка наутро

Кај поединците постари од 50 години, јадрото од средината на дискот (НП) налик на желатин може да стане суво и помалку меко, поради што е помалку веројатно дека ќе истекува. Ова влошување, сепак, може да доведе до други состојби кои предизвикуваат болка, како што се дегенеративно заболување на дискот и дегенеративно заболување на зглобовите.

Image may contain: one or more people and closeup

Како се поставува дијагнозата?

Вашиот физиотерапевт ќе направи детален преглед кој вклучува и земање на вашата медицинска историја. Вашиот физиотерапевт исто така ќе ве праша подетални прашања за вашата повреда, како што се:

• Како и кога започнала болката?
• Во кое време е полошо?
• Каква непријатност чувствувате и каде ја чувствувате?
• Што не можете да направите токму сега, во вашиот секојдневен живот, поради болката?

Вашиот физиотерапевт ќе изврши тестови на вашето тело за да пронајде физички проблеми, како што се:

• Потешко движење
• Слабост или затегнатост во мускулите
• Губење на сензација на кожата во некои области (вкочанетост)
• Губење на рефлекси
• Вкочанетост
• Лош став
• Тешко одење

Ако вашиот физиотерапевт најде било кој од горенаведените проблеми, третманот за физикална терапија може да започне веднаш, за да ви помогне да ви се подобри состојбата и да се вратите назад кон вашите секојдневни активности. Ако се најдат потешки проблеми со кое било тестирање, вашиот физиотерапевт може да соработува со лекар или хирург за да добие специјално дијагностичко тестирање.

Центарот за физикална терапија Валео се наоѓа на улица „АСНОМ“ во населбата „Бејбунар“. Побарајте ги и на нивниот официјален профил на Facebook или на телефонот: 071/506-818.

Крај на првиот дел. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука