Избор Партии ТОП ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е директен виновник за состојбата во Охридскиот регион

Скопје, 5. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – ВМРО-ДПМНЕ е главен виновник за состојбите во Охридскиот регион поради 11 годишните злоупотреби, криминали и провизии, реагираат од СДСМ на изнесеното на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

– Цели 11 години приоритетно се остваруваа бизнис и личните интереси на раководството на ВМРО-ДПМНЕ поради што Охридскиот регион беше злоупотребуван и уништуван. Јавноста и граѓаните многу добро се сеќаваат на неконтролираното градење на Плаошник и Галичица, на осудениот криминалец Субрата Рој кој Груевски го презентираше како инвеститор, на „парапетчето“ и на сите други криминали. Од една страна ВМРО-ДПМНЕ го уништуваше Охридскиот регион поради криминали и провизии, од друга страна Владата предводена од СДСМ ги санира штетите. Денес, Владата предводена од СДСМ, Општина Охрид, стручната јавност и невладиниот сектор интензивно работат на исполнување на препораките на УНЕСКО. Ќе направиме се, препораките да се имплементираат, Охридското езеро да не биде загрозено, реагираат од партијата. (Крај)

извор: СДСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави