Охрид, 26. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – На хуманитарниот концерт посветен на Тоше Проески, што се одржа викендов во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, беа собрани околу 20 илјади денари.
Собраните средства, како што соопштија организаторите, ќе бидат донирани на Дневниот центар за лица со пречки во развојот „Зраци“ од Охрид.
Концертот се одржа по повод родениот ден на Проески, 25-ти јануари, а го организираа неговите охридски фанови.
извор:ОхридПрес фото:архива
Прочитано: 35