Лондон, 6. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Бранителот на титулата на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, го мина третото коло на турнирот. Српскиот тенисер мина три часа на теренот и го победи Хуберт Хуркач со 3:1 (7/5, 6/7, 6/1, 6/4).
По мечот на прес конференцијата тој одговори и на прашањето на известувачот на Топспорт од Вимблдон, кога ќе ја посети Македонија со оглед дека често изјавува како просторот на поранешна Југославија за него е единствен.
“Се надевам наскоро. Моментално поради обврските кои ги имам со семејството и натпреварувачките не знам колку има време реално да се случи тоа во скора иднина.
Зависи во кој правец ќе оди мојата кариера во иднина. Ако ги намалам турнирите и ако се ослободи некој простор, би сакал да дојдам на Охридското езеро, би сакал да го посетам Скопје, каде никогаш не сум бил.
Целиот текст тука
извор: Топспорт фото: wimbledon