јули 8, 2019

Охрид, 8. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Попладне, претежно во северните и западните делови, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

УВ индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 31. степени.

– Денес и утре ќе биде топло, а во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во северните делови. Под влијание на влажна, посвежа и нестабилна воздушна маса во среда ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, а пообилни врнежи се очекуваат кон крајот на денот. Ќе дува засилен западен, а доцна попладне северозападен ветер, што ќе услови значително намалување на температурата. Од четврток времето ќе биде стабилно, но посвежо, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука