Спорт

На Меси му се заканува казна од две години

Сао Паоло, 8. јули 2019 (ОХРИДПРЕС)Лионел Меси може да добие забрана да настапува за Аргентина во следниве две години, поради неговото однесување за време на натпреварот за третото место на Копа Америка, како и по него.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ беше избркан во мечот со Чиле, при победата од 2-1 на „гаучосите“. Поради неговото протерување, Меси ќе биде казнет за четири натпревари, но неговото однесување ќе се испитува по мечот од страна на Јужноамериканската конфедерација (КОНМЕБОЛ).

За санкција од две години ќе се дискутира поради „непрофесионалното однесување“ од страна на Аргентинецот.

Целиот текст тука

извор: Плусинфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави