Охрид, 8. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Веста дека Охридскиот регион нема да биде впишан во Листата на Светско наследство во опасност, сосема очекувано беше една од најкоментираните деновиве на OhridPress.
Истата на својот официјален профил на Facebook ја обрави и првиот човек на Охрид, градоначалникот, д-р Константин Георгиески.
Коментарите се движат помеѓу тоа што се потенцира од една страна дека „нема место за задоволство што Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Баку одлучи Охридскиот регион да не биде впишан во Листата на Светско наследство во опасност и дека напротив, требаше да донесе одлука за ставање на таа листа“, до барање на итност во реакцијата на одговорните.
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 35