
Двајца параглајдеристи паднаа на Галичица, едниот потешко повреден
Охрид, 9. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Двајца параглајдеристи паднаа попладневно на Галичица. Едниот бил потешко повреден, а другиот полесно.
Според првичните информации, повредените летале во тандем и биле државјани на Украина, јави Тв Телма.
Истите биле пронајдени на територијата на Албанија, а акцијата за нивно спасување е во тек. (Крај)
извор: Телма фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |

