Избор Култура

Поетска средба со Тоде Илиески во „Култура 365“

Охрид, 9. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Дека и алтернативните форми на организираност и институционалност, можат да му дадат печат на културното живеење во една средина, ова лето, примерно докажува и КИЦ „Култура 365“ од Охрид.

Во рамките на нововостановената манифестацијата ЛУНУС, ова лето, континуирано од вечер во вечер, се спроведуваат бројни настани. Синоќа, по претходната со Глигор Стојкоски, се одржа средба со Тоде Илиевски, поет, писател за деца и млади, сатиричар, хуморист, преведувач, енигматичар и шаховски проблемист.

Воведно претставување на творештвото на Илиески даде Мишо Јузмески, писател, туристички работник-полиглот, додека за карактеристиките на поетскиот израз на Илиевски говореше поетот Славе Ѓорѓо Димоски.

Видни поети и културни работници говореа за поетското создавање на Илиески, за искуствата од соработката со него.

Image may contain: 4 people, beard

Славе Ѓорѓо Димоски, за својот колега кажа дека е еден од ретките кај нас, за кого ритамот и римата не се алатка за пополнување на претходниот стих, туку изворен одраз на неговата поетска мисла и ерудиција. Не се потреба, туку последица од мисловната длабочина на авторот. Илиески е член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1994 година. Учествувал во работата на редакциите на „Јужен бран“, „Спизалит“, „Радоснавест“ и „Копнежи“, а бил главен и одговорен уредник на енигматските забавници „Клуч“ и „Ѕуница“.

Одделни песни му се препеани на други јазици, а е застапуван е во антологии, избори и учебници. Автор е на книгите: „Ведро едро“ (поезија за деца, 1990), „Концерт за шумите“ (поезија, 1992), „Изворите во горите“ (поезија за деца, 1999), „Зелен блен“ (поезија, 2001), „8X8 by Tode Ilievski – 64 selected problems 1977 – 2002“ (шаховски проблеми, 2002), „Лов на Лебедовото Езеро“ (поезија, 2008), „Приватните библиотеки во Охрид и Охридско“ (лексикон на приватни библиотеки во коавторство со Виолета Мартиновска, 2008), „Липов чај“ (поезија за деца, 2009) и „Ќерката на поетот“ (поезија, 2011).

Вечерва, во рамкитена ЛУНУС, со почеток во 20:30 часот, во „Култура 365“ ќе се одржи средба со писателот МиркоТомоски. (Крај)

извор: Веле Митаноски фото: Веле Митаноски

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави