Жител на струшко село пријавил дека неговата малолетна ќерка била насилно одведена
јули 10, 2019

Струга, 10. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти јули 2019 година, во 11:50 часот, во Полициската станица во Струга, 60-годишен маж од село до Струга пријавил дека била насилно одведена неговата малолетна ќерка.

– Од преземените мерки добиени се сознанија дека девојката била во љубовна врска со Ф.А. и неколку пати претходно одела кај него по неколку денови и се враќала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука