Охрид, 11. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Силното невреме, кое го зафати регионот на Охрид вчера, предизвика поголеми оштетувања, особено во делот на селата Трпејца и Љубаништа.
Во автокампот „Љубаништа“, во непосредна близина на Свети Наум, оштетени се дел од приколките и шаторите. Од силниот ветер искршени се дрвја, а дел од нив паднале и врз приколките.
Оштетувањата се гледаат од фотографиите кои на својот профил на Facebook ги објави Stojkovic Le Petit Boban кој вели дека штетите се огромни, но за среќа нема повредени.
оштетувања во Трпејца – фото: охрид24
Силното невреме, проследено со силен ветер, дожд и грмотевици направи поголема штета и во селото Трпејца каде откорна неколку дрвја. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Stojkovic Le Petit Boban/Охрид24