јули 11, 2019

Лондон, 11. јули 2019 (ОХРИДПРЕС)Старата „гарда“ уште е тука. Во реприза на турнирот од пред 12 години, Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ во исто време се во полуфиналето на Вимблдон, покажувајќи дека нивното време уште не е готово и секако, предизвикувајќи огромно внимание кај љубителите на тенисот.

Последен во полуфиналето влезе Рафа Надал, откако повторно во лесни три сета со 7:5/6:2/6:2 го совлада американскиот ветеран Сем Квереј.

Шпанецот, кој оди на трета титула на „Ол Ингланд клубот“, сега во полуфиналето ќе се судри со својот стар ривал, Роџер Федерер, кој кратко пред победата на Надал во четири сета го совлада Кеи Нишикори. Ова ќе биде прва пресметка на двајцата тенисери на тревата на Вимблдон по легендарното финале од 2008 година.

Целиот текст тука

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука