Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка кај Климештани, загина едно лице

Охрид, 11. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице загина и едно е тешко повредено во сообраќајната несреќа што се случи после 16:00 часот во близина на селото Климештани.

– Во несреќата учествуваа комбе и автомобил кои директно се судриле, изјавил за порталот Скопје 1 портапаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.

Поради несреќата сообраќајот одреден период беше целосно блокиран во двата правци, поради што се создаде голема колона на автомобили.

Екипи на СВР Охрид извршија увид на местото на несреќата. (Крај)

извор: Скопје1 фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави