Охрид, 15. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со просечен дневен досег од 10,94% и неделен од 11,94%, Супер радио и во вториот квартал од 2019 година останува водечка во својот регион и една од најпопуларните радио станици во Република Македонија.
Податоците се објавени во официјалната анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални ТВ станици во вкупната гледаност во вториот квартал од 2019 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.
Супер радио во пресрет на 27. роденден останува еден од водечките медиуми во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ).
Потврда за работата на радио станицата дојде и од локалната заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба за досегашната успешна работа и придонес за градот. Во склоп на групацијата работат и информативните портали OhridPress и Inpress. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес