Охрид, 16. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде претежно облачно со повремен дожд и посвежо, особено на југозападот каде што ќе има пообилни врнежи од дожд проследени со повремени грмежи.
Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер, кој на западот краткотрајно ќе засилува.
УВ индексот ќе биде 5, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 18. степени.
– Во среда и четврток ќе се задржи стабилно и суво, а температурите брзо ќе се покачат. Кон крајот на неделава во попладневните часови повторно ќе има појава на локални врнежи и грмежи, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 34