Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Фирмата на Усеини „Нефи ИК“ пријавена на тендер за уривање дивоградби

Охрид, 16. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Нефи Усеини, советник во Градскиот совет од редовите на ДУИ и сопственик на новоотворената пицерија – дивоградба кај Чинарот во Охрид, во разговор за „ТВ 24“ потврдува дека неговата фирма „Нефи ИК“ е една од двете пријавени на тендерот за избор на фирма што ќе ги руши дивоградбите во Охрид.

Во четвртокот вечерта, со многу огномет и во друштво на струшкиот градоначалник и сопартиец Рамиз Мерко, Усеини свечено ја пресече лентата на локалот „Луна“ во заштитениот појас од УНЕСКО.

Првиот човек на Охрид, градоначалникот д-р Константин Георгиески претходно најави дека објектот ќе биде срушен „штом се создадат услови“.

Доколку општина Охрид ја избере фирмата на Усеини на тендерот, тогаш градот ќе треба да му плати за да ја урне сопствената дивоградба. (Крај)

извор: Тв 24 фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави