Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Дивоградбата на власт мора да замине, избори мора да се распишат, достоинството и обновата мора да започнат сега

Охрид, 16. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Зоран Заев и неговиот клан продолжуваат секојдневно да го понижуваат народот. Како што беше Заев осомничен за Поткуп, а Зоран судски реформатор, така советникот од ДУИ Усеини отвора Дивоградба, а „Нефи ИК“ се пријавува да руши дивоградби, порача Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

– Ова самоволие е намерно газење врз интелигенцијата на граѓаните. Заев најавува дека градењето на диво е сопрено, а негови градоначалници ги отвораат. Мерко беше министер нели? Пред УНЕСКО предложија еден закон, пред пратениците во Собрание пратија друг. Тука градоначалникот прво вели немам капацитет за толку уривање, па се преброи на прсти. Толку од имплементацијата на препораките од УНЕСКО. Најавија уривање, а на тендерот им конкурира фирма која градела на диво. Објектот на Нефи Усеини, советник од ДУИ, е изграден на државно земјиште и во заштитен УНЕСКО појас. Откако почна да ја гради во март годинава, никој воопшто не се ни обидел да ја спречи дивоградбата, само му е испратено решение од Општина Охрид за рок од десет дена сам да ги урне конструкцијата и платформата. Ене го цел објект изграден, Рамиз Мерко, екс министер на Заев му го отвори, а сега конкурира тој да рушел дивоградби. Каква дрскост каква неспособност каква навреда од кланот на власт. Владата вметнува одредби со кои новиот Совет треба да одлучува со Бадентер- што е спротивно на Уставот, а згора на тоа во Советот да членува и еден надворешен претставник на предлог на министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, што е класично политизирање на тема која треба експерти да ја уредуваат. Вакво зафркавање со народ и со држава немало и ќе нема. Вакво самоволие и непочитување на елементарните морални норми од власта нема никаде. Македонија се соочува со девастација, најмногу морална. Дивоградбата на власт мора да замине, избори мора да се распишат, достоинството и обновата мора да започнат сега, реагираат од партијата.

Related image

Со реакција излегоа и од СДСМ.

Денес сме сведоци на последиците од изобличувањето на Охрид и охридскиот регион кое должи на деструктивните и криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ. Токму ВМРО-ДПМНЕ беше партијата во чие владеење се дозволи илегалните градби во заштитениот појас на Охрид и охридскиот регион да бидат легализирани и тоа за само едно евро за метар квадратен. 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше препораките на УНЕСКО и се фокусираше на криминал и злоупотреби на Охрид. Токму, ВМРО-ДПМНЕ ја потценува интелегенцијата на граѓаните. Охриѓани многу добро се сеќаваат на плановите на ВМРО-ДПМНЕ за градењето на аеродром на вода, ски-жичарница на Галичица како и проектите на Субрата Рој со луксузните ресорти на самиот брег на Охридското Езеро. Граѓаните се сведоци и на целосното разобличување на ликот на Плаошник. Наспроти тоа, денес Владата преводена од СДСМ со сите сили се бори да го заштити културното и природно наследство на Охрид и цели кон спроведување на препораките на УНЕСКО, реагираат од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави