Спорт

Манчестер Јунајтед ја дигна цената за Погба на 200 милиони евра

Мадрид, 17. јули 2019 (ОХРИДПРЕС)Раководството на Манчестер Јунајтед ги зголеми претензиите за Пол Погба, пишува „Марка“ во денешното издание.

Според шпанскиот весник, „црвените ѓаволи“ инсистираат за 200 милиони евра, за да го ослободат од обврските светскиот шампион.

Од „Сантијаго Бернабеу“ ја сметаат цената за лудило и надвор од рамки на нормалното под сегашните услови.

На 8 август затвора трансфер пазарот во Премиер лигата и по овој датум е малку веројатно од Јунајтед да се согласат на договор за еден од лидерите во составот.

Опциите на „лос бланкос“ за привлекување на Ван де Бек и Кристијан Ериксен стануваат се пореални со оглед на високите барања од „Олд Трафорд“. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави