Охрид, 17. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска во НП Галичица започна изградбата на репродуктивниот центар за елени.
Центарот се протега на површина од 100-на хектари, ќе биде дом на 30 елени (24 женки и 6 мажјаци), а ќе биде опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници.
Проектот, вреден 340.000 евра е дел од Програмата на Европската унија „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја”, вредна 4,3 милиони евра.
Изградбата на центарот ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, Националниот парк Галичица, во рамки на проектот спроведува и активности за подобрување на управувањето со планинските тревести екосистеми со цел нивно зачувување и запирање на процесот на сукцесија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива