Избор Локална самоуправа Македонија ТОП ВЕСТИ

За државните институции задолжително, за општините препорака за објава на податоци за јавни набавки

Скопје/ Охрид, 17. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со заклучок од вчерашната седница, Владата ги задолжи државните институции, а на локалните самоуправи само им препорача да ги објавуваат податоците за јавни набавки.

– Согласно утврдените достигнувања во заложбата 3.2 „Можност за објавување на основните информации за јавните набавки на интернет-страниците на институциите (договорни органи во јавните набавки)“, во рок од 30 дена од усвојување на информацијата, на своите интернет страници (или ако немаат своја, на интернет-страницата на институцијата под чијашто надлежност работат) да објават линкови од објавените годишни планови за јавни набавки (и нивните измени и дополнувања), огласите за јавни набавки, известувањата за склучен договор и склучените договори и известувањето за реализиран договор за 2019 година, преку автоматско преземање на податоците од Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) и истото да го вршат континуирано, како што овие документи се објавуваат на ЕСЈН, стои во соопштението од македонската Влада.

Оваа постапка за транспарентност на јавните набавки Владата им ја препорача и на единиците на локалната самоуправа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави