Охрид, 18. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во Охрид свечено ќе биде отворено второто издание на Фестивалот на нов европски филм Beach Film Festival.
Настанот започнува од 21:00 часот на бродот „Галеб“, каде и ќе биде отворањето, а проекции освен таму че има и на плажата „Оревче“. Од 21:15 часот на бродот ќе се прикажуваат краткометражните филмови „И(с)згубени“ и „Авенијата Патисион“. Во 21:45 часот е проекцијата на филмот „Галеб“.
На плажата „Оревче“ пак од 21:00 часот се краткометражните филмови „Бегај дожду, бегај“ и „ Аурора“, од 21:30 е „Ангелско лице“, по што од 23:30 часот концерт ќе одржат June и DJ Milan Serafimov.
Второто издание на Beach Film Festival ќе трае до 21-ви јули и е фокусиран на развојот, односно презентацијата на новиот европски филм и неговата идентификација како посебен културолошки феномен. Со својот иновативен концепт, Beach Film Festival се издвојува од досегашните фестивалски стандарди.
Во четирите денови ќе се одржат проекции на 7 долгометражни и 20 краткометражни филмови. Голем дел од филмовите се селектирани и наградувани на реномирани светски фестивали како Sundance, Berlinale, Cannes Film Festival итн. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива