јули 20, 2019

Охрид, 20. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид до сега нема испратено официјално барање до македонската Влада во врска со изземање или отстапување на ингеренции во одредена сфера од работењето на локалната самоуправа.

– Очекуваме дека заеднички со Владата преку плански и стартешки пристап, постепено, чекор по чекор ќе ги решава сите препораки на УНЕСКО и дека ќе ги поправи сите грешки од минатото, направени од претходните власти. Целта е нанаредната сесија на Комитетот за светско наследство, конечно да биде отстранета опасноста за ставање на Охридскиот регион на листата на заштитени подрачја во опасност. Во процесот на исполнување на препораките на УНЕСКО, Општина Охрид веќе има постапено по Препораката број 9 за Изработка на Регистар за нелегални градби, по Препораката број 19 со реализираната акција за отстранување на палмите кои се неавтохтони и инвазивни видови и со започнатата акција за отстранување на рекламните билборди од централното градско подрачје. Исто така веќе имаме спроведено и активности по Препораката број 18 за Регулација на сообраќајот во Стариот дел на градот. Беа организирани две јавни трибини со жителите на урбаната заедница Стар град со цел да се разменат мислења за режимот на сообраќај и начинот на негово регулирање. Веќе започна да функционира системот за електронско евидентирање на движењето на возилата во овој дел од градот, а за таа цел се издадени посебни картички за евиденција на моторни возила. Во моментот општинските служби, вршат поединечна ревизија за секој предмет кој е дел од Регистарот на дивоградби и поединечно ќе се носат одлуки за понатамошно постапување. Исто така во тек е постапката во врска со Огласот за јавна набавка за Ангажирање на градежна механизација за спроведување на административно управни акти за рушење на дивоизградени објекти. Сите активности кои општина Охрид ќе ги преземе во наредниот период во однос на исполнување на препораките на УНЕСКО, ќе се одвиваат во согласност со сите законски процедури, во постојана координација и комуникација со останатите надлежни државни институции, а јавноста ќе биде навремено и детално информирана, информираат од општина Охрид.

Ставот на општина Охрид е во спротивност со оној на премиерот Зоран Заев кој вчера истакна дека „слушнал дека и Охрид сака да ги отстапи надлежностите во градежништвото.“

– Слушнав дека и Охрид сака да ги отстапи надлежностите во градежништвото. Државата ќе ги земе ингеренциите заради обвpcка. Обвpcката е средување на Охрид, Охридското Езеро и охридската околина заради УНЕСКО, но и заради ставање на ред и поредок на одредени девиjaнтни пojaви кои што се случуваат таму. Нашата намера е да постапиме согласно закон. Да избереме компании кои што ќе направат извршна постапка, ќе си тргнат записник по записник, дел по дел, да го исполнат тој дел од нашите обврски пред УНЕСКО, но и пред граѓаните. Владеење на закон, отстpaнување на нeeлегално изградени објекти кои што немаат право на легализација. Но, првин мора по закон да бидат исполнети условите за одзeмање на ингepeнциите, кажа вчера Заев, одговарајќи на новинарско прашање за писмото на Мерко, на прес-конференција во Владата за Законот за Јавно ooбвинителство. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука