Охрид, 22. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Помладииот син на ракометната легенда Пепи Манасков, Мартин, оваа сезона ќе игра за РК „Охрид“.
Како што дознаваат Супер радио и OhridPress се очекува наскоро да се случи и официјална промоција на Манасков во дресот на „гладијаторите“.
25-годишниот Мартин Манасков претходно две сезони играше за Тинекс Пролет како лев бек, а пред тоа ги бранеше боите на Металург и Вардар Јуниор.
РК „Охрид“ во новата сезона освен што оди со нов тренер, оди и со засега четири нови засилувања. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 19