ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Каракачанов „мирен“ во Охрид: Да ги оставиме историчарите да работат на усогласување на ставовите

Охрид, 23. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Нема што да делиме ние во историјата и да ги дефинираме противречностите меѓу двете држави. Но, тоа е тема која како што е познато има свое влијание и во бугарското и во македонското општество.

Ова го порача денес од Охрид министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, кој е и вицепремиер во владата на Бојко Борисов. Со видливо омекнати ставови во однос на историските прашања за кои преговараат експерти од земјава и од Бугарија, Каракачанов денес невообичаено „мирен“, особено ако се земат во предвид неколкуте негови претходни радикални изјави. поврзани со теми од историјата.

Каракачанов истакна дека не треба повеќе да има тензии помеѓу двете земји, бидејќи владите на двете земји направиле повеќе за добрососетството од сите претходни заедно.

Image may contain: 2 people, people standing

– Ние се разбираме и без преведувач, но тоа прашање сепак бара решение затоа што создава тензии меѓу луѓето. Сметам дека процесот се одвива во вистинска насока и да ги оставиме историчарите да работат на усогласување на ставовите, истакна Каракачанов.

Тој денес во Охрид беше гостин на македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, со кого потпишаа протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука