Здравје Избор Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ

В понеделник во Дебрца ќе се прска против комарци

Дебрца, 25. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – В понеделник, 29-ти јули во Дебрца ќе се спроведе превентивна систематска дезинсекција како општа противепидемиска мерка.

Екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во период од 21:00 до 06:00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Потребно е пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави