Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

И охриѓани се приклучуваат кон акцијата за помош на Игор Петрески од Кичево

Охрид, 26. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани се приклучуваат кон акцијата за да му помогнат на Игор Петрески од Кичево кој боледува од Мултиплекс склероза, болест на нервниот систем која за жал прогресира и во моментов тој е во инвалидска количка.

Во недела во Кадмо бар ќе се одржи хуманитарна забава на која ќе настапи групата „Броз“ со цел да се соберат средства за помош на Игор.

Image may contain: 1 person, textЗа да му се помогне на Игор, врз него е потребно е да се изврши интервенција со матични клетки во соседна Србија, Белград, поточно во Im Clinic, каде овој медицински зафат чини 18.600 евра.

Сите хумани луѓе можат да помогнат и преку телефоните за донации:

Т-Mobile: 143106

VIP: 143600

Со секој повик се донираат 100 денари.

За банкарски уплати – денарска сметка:

250-0320004052-59

Шпаркасе Банка

Име и Презиме: Игор Петрески (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави