Охрид, 29. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од настаните од програмата на првото алтернативно културно лето 2019 „Културолошка иницијатива 5 до 12“, вечерва на Градскиот базен во Охрид ќе се одржи концерт на групата „Кукузел“.
Концертот започнува во 21:00 часот, а билетите ќе се продаваат по цена од 100 денари.
– Дојдете заедно со супер журка да прославиме 1 година постоење на „Кукузел“, информираат организаторите.
Во бендот членуваат: Лео Спасески, Марко Јованоски, Ристе Лекоски, Виктор Јолакоски и Стефан Жупан.
Во рамките на алтернативното културно лето „Културолошка иницијатива 5 до 12“ предвидена е разновидна и богата програма, во која ќе се вклучат многу луѓе од урбаниот живот во Охрид, млади и креативни луѓе кои сликаат, фотографираат, танцуваат, глумат, играат, свират…
Организатори се Супер радио и НАТГ „Аматер“ од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива