јули 29, 2019

Скопје, 29. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот премиер Зоран Заев најави дека доколку општините не постапат според правилата, ингеренциите за дивоградбите ќе бидат преземени од страна на државата.

– Очекуваме општините да постапат за дивоградбите во охридскиот регион. Ако не можат да го направат, тогаш ќе преминеме во преземањето на ингеренциите од државата. Тоа е наша обврска согласно УНЕСКО. Во иднина ќе имаме режим за Охрид, Струга и Дебар, заради почитување на стандадните на УНЕСКО, истакна Заев, пренесе Фокус. (Крај)

извор: Фокус фото: Фокус

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука