Охрид, 29. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридското Езеро денес е на кота од 693,49 метри надморска височина, односно девет сантиметри под просекот за месец јули од 693,58 метри.
Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, температурата на водата во езерото, измерена утрово во 07:30 часот беше 24. степени.
Метеоролозите најавуваат дека нестабилното време со локални врнежи од дожд ќе се задржи до среда, по што се очекува екстремно топло време со температура до 40 степени. (Крај)
извор: ОхридПрес/УХМР фото: ОхридПрес/УХМР
Прочитано: 19