Охрид, 30. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска ја честуваат Св. великомаченица Марина, празник познат меѓу народот и како Огнена Марија.
Очигледно во најтоплиот период од годината, на празнувањето споменот на неколкумина свети великомаченици народот му посветил посебно внимание поврзувајќи го со оганот и со потребата за заштита од пожарите што во овој период од годината не се ретки.
Марина се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените. Според народното верување, Света Марина пали и казнува со огин и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци.
Обичај на овој празник, кога поради големата жештина гори и небото и земјата, е ништо да не се работи. Во преданијата има примери за оган и громови кои во врелите празнични денови го палеле житото, сеното и домовите на луѓето кои работеле на овој празник. (Крај)
извор: МПЦ ОА фото: архива