Здравје Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Денес ќе се врши теристичка дезинсекција против комарци, пчеларите да ги превземат соодветните мерки за заштита

Охрид, 31. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на општина Охрид, во поширокиот регион на Охрид денес ќе биде спроведена превентивна систематска дезинсекција.

Запрашувањето ќе се врши во периодот од 21:00 до 06:00 часот. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потегот од селото Подмолје до комплексот „Св. Наум“, територијата на град Охрид, како и потегот на реките Грашница и Коселска Река.

– Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден, информираат од охридската локална самоуправа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави