јули 31, 2019

Охрид, 31. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Објектот кај Чинарот е поминат како урбана опрема на Градскиот совет и јас веќе 13 години за него плаќам годишна рента, вели во интервју за 24 вести, охридскиот советник од редовите на ДУИ Нефи Усеини.

– Доколку се урнат сите нелегални објекти во градот, особено оние покрај самиот брег на езерото, јас сам ќе ја урнам терасата, вели Усеини за 24 вести.

Тој негира дека извршил физички напад врз инспекторите кои дошле на увид, како и врз колегата-советник Џелал Мена, кој на последните вонредни локални избори во Охрид беше кандидат за градоначалник на Охрид на албанските партии БЕСА и Алијанса. Усеини во интервјуто вели и дека не извршил напад врз професорот Илјаз Илјази и дека ќе се повлече од советничката функција само ако тоа од него го побара неговата партија.

Усеини обвини дека се врши политички атак врз него, затоа што тој контролира околу 4.000 гласови во Охрид и токму поради тоа се вршат напади кон него и неговата компанија.

извор: 24 вести фото: 24 вести

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука