август 1, 2019

Струга, 1. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Денес и утре Струга ќе биде домаќини на врвни имиња од областа на електронската музика.

Годинешното јубилејно, 10-то по ред издание на Green Beach Festival носи имиња кои се на самиот врв на светските подиуми. Два дена во Струга се резервирани за најголемата журка ова лето на фестивалската локација кај хотел „Еуротел“.

Еден од водечките продуценти на денешницата, симболот на Берлин како светска престолнина на современата електронска сцена – Paul Kalkbrenner го предводи јубилејниот Green Beach Festival #10! Неповторливиот уметник на кој му успева да биде врвен и на андерграунд и на мејнстрим сцената во исто време, пристигнува за прв пат во Македонија и ќе настапи вечерва во Струга.

Green Beach Festival годиниве прерасна во вистински синоним за најквалитетно електронско доживување и ја продолжуваат традицијата на претставување на врвни уметници од светската сцена во зенитот на нивната кариера и премиерно во Македонија. Оваа карактеристика на фестивалот, со својата кариера и тоа како ја исполнува првиот изведувач кој го потврди своето гостување на јубилејното издание: едно од највозбудливите имиња на светската сцена во моментов, техно/хаус тандемот Adriatique.

Зад Adriatique стојат двајца уметници – Адријан Шала и Адријан Швајзер, кои како веќе етаблирани швајцарски диџеи се запознаваат во 2008-ма година во Цирих, веднаш спријателувајќи се и започнувајќи да творат под името со кое изградија кариера како еден од најконзистентните и најдобрите диџејски и продуцентски тандеми на техно и хаус сцената.

Image may contain: text

Супер радио и ова лето продолжува со својот проект СИТЕ ВО ОХРИД ( и Струга во случајов 🙂 ). На нашата програма, но и на нашите информативни портали OhridPress и Inpress ќе ги промовираме сите настани, кои ќе се одржуваат на Охридско-струшката ривиера, во насока на уште една поуспешна и подолга туристичка сезона. Ве очекуваме, и ова лето СИТЕ ВО ОХРИД. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука