Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Црвен крст Охрид организира крводарителска акција на 8-ми и 9-ти август

Охрид, 1. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со цел обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид во летниот период, Црвен крст Охрид организира крводарителска акција.

Истата ќе се реализира во четврток и петок, 8-ми и 9-ти август 2019 година во просториите на ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Гимназија во периодот од 09:00 до 13:00 часот.

– Ги покануваме нашите сограѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност на оваа крводарителска акција. На 8-ми август се очекувани 40-50, а на 9-ти 20-30 единици крв. Одвојте само 5 минути и спасете нечиј живот, порачуваат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави