Тетово, 2. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Три возила се судриле утрово на автопатот Тетово – Гостивар, во близина на наплатната рампа пред Гостивар.
Според неофицијални информации неколку лица се полесно повредени, јави порталот мкд.мк.
Сообраќајката предизвика голема колона од возила кои утрово тргнаа кон туристичките места Маврово, Крушево и Охрид за да го прослават националниот празник Илинден. (Крај)
извор: мкд.мк фото: мкд.мк
Прочитано: 12