Струга, 4. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти август 2019 година, во 08:00 часот било пријавен инцидент на улицата „15-ти Корпус“ во Струга.
– Во кафе бар лицата С.Б.(33), Д.А.(36) и И.И.(24) сите од Струга, започнале расправија, а потоа почнале да го кршат инвентарот во кафе барот. Од страна на полициски службеници лицата биле приведени во Полициската станица Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 29