август 5, 2019

Охрид, 5. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес во Охрид ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

УВ индексот има вредност 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 26. степени.

– Следува период на претежно сончево време со постепен пораст на температурата. Повисоки дневни температури ќе има од средината на работната недела кога и облачноста краткотрајно ќе се зголемува, а особено топло ќе биде на југоистокот, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука