август 6, 2019

Охрид, 6. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охрид, Струга и Вевчани се меѓу дестинациите на кои најпознатата турска новинарка Озлем Тунџа ќе снима 40 минутна репортажа за најпопуларната емисија за туризам во Турција – Dünyayı Geziyorum, која се емитува на турската национална телевизија Канал 7.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) со тоа ја продолжува активната промоција на македонскиот туристички потенцијал преку ФАМ тури на еден од најголемите пазари во државава – Турција.

Тунџа со семејството пристигнува утре и ќе престојува во 4 дневна посета на земјава во соработка со Turkish Airlines и македонскиот тур-оператор Bademtour. Ќе ги посети Охрид, Струга, Вевчани, Тетово, Ресен, Битола, Дебар, Маврово и Скопје, по што ќе го сподели искуството за семејно патување низ земјава.

Веќе при крајот на месец август, во посета на Скопје доаѓа и турската национална телевизија ТРТ2. Покрај Будимпешта, Дубровник, Загреб, Белград и Сараево и 15 други градови, ТРТ2 ќе го снима и во Скопје. Градот ќе го портретира како историска крстосница на културите што заслужува да добие повеќе историска, културна и традиционална вредност. Целта на оваа рута е да се следи патот на познатиот турски патеписец од 17-тиот век – Евлија Челебија, кој се верува дека го поддржувал Александар Велики.

Дополнително, кон крајот на месец септември, во соработка со ТУРСАБ, 20-тина тур оператори од Турција ќе ја Македонија и ќе остварат бизнис средби со македонскиот туристички сектор, што претставува можност за нови, повеќедневни аранжмани и зголемување на бројот на турски туристи. (Крај)

извор: АППТ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука