Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Литургии во чест на „Св. Петка“ и „Св. Климент Охридски“

Охрид, 7. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека утре, на 8-ми август, во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија во параклисот „Св. Петка“, во манастирот „Св. Наум Охридски“, по повод празникот „Преподовна маченичка Параскева (Петка)“.

Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

Вечерта во 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид, по повод празникот „Св. Климент Охридски и Св.великомаченик Пантелејмон“ на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

В петок, на 9-ти август со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави