Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Започна традиционалната крводарителска акција за празникот Св. Климент

Охрид, 8. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Денес и утре, во ОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид ќе се одржи традиционалната крводарителска акција, која во организација на охридскиот Црвен крст се одржува секоја година за празникот Св. Климент.

Акцијата започна вечерва во 19:00 и ќе трае до полноќ, а утре ќе се одвива во периодот од 09:00 до 13:00 часот.

Image may contain: 1 person, sitting, table and indoor

– Ги покануваме нашите хумани сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција, информираат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Црвен крст

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави