август 9, 2019

Охрид, 9. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Драматургот Драгана Лукан Николоски е авторот на расказот „Пад на системот или Како балканските народи сфатија дека Бог можеби и не постои“, кој годинава, од страна на стручното жири беше издвоен како најдобар на конкурсот за наградата „Живко Чинго“.

Таа е автор на повеќе драми и сценарија, меѓу кои се „Балканизација“, „Пинокио и Црвенкапа во потрага по Аладиновата ламба“, „Треперење помеѓу две подадени дланки“, „Сè ќе биде добро и други“.

На Конкурсот за најдобар расказ „Живко Чинго’’, во предвидениот рок пристигнаа 41 расказ што ги задоволуваа конкурсните критериуми. Од нив комисијата избра 14 раскази. Освен наградениот, а во потесен круг влегоа и расказите „Африка“ и „1317“.

Наградата во висина од 30 000 денари на авторката ќе и биде врачена на 13-ти август на традиционалната манифестација, „Вечер на Живко Чинго“, што ќе се одржи во неговото родно село Велгошти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

 

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука