
Пожарот кај Велмеј се’ уште активен, но под контрола
Охрид, 14. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Пожарот во атарот на селото Велмеј и понатаму е активен, но е под контрола.
Откако вчера екипите на охридската противпожарна единица го ставија под контрола пожарот кој изби кај месноста „Бајам“, ветерот и исклучително топлото време помогнаа истиот повторно да се активира.
Екипи на охридската територијална противпожарна единица се постојано на терен и не дозволуваат состојбата да се влоши. За Супер радио и OhridPress утринава изјавија дека шумскиот појас сеуште гори, но пожарникарите се таму и ја следат ситуацијата.
Жителите се вознемирени и понатаму апелираат на помош во насока да не се случи ескалација на состојбата и проширување на пожарот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |
