Охрид, 16. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 14-ти август 2019 година, во 22:оо часот, на паркинг простор на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир.
– Регистрирано е карање, викање, непристојно и дрско однесување помеѓу 36-годишниот С.М. од Охрид и 62-годишниот Р.А. од Скопје. Против нив, според одредбите на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 26