Струга, 18. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти август 2019 година, околу 18:00 часот, на бензинска пумпа во струшкото село Велешта, нарушен е јавниот ред и мир.
– Лицето Д.Х. од Велешта, физички го нападнало лицето Х.Р. од селото Октиси. Во пресметката се вклучиле уште неколку лица кои употребиле и тврди предмети. Полициската станица од Струга презема мерки за расветлување на настанот по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 17