Дебрца, 22. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески во Министерството за финансии свечено го потпиша договорот за грант во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП).
Општина Дебрца доби грант средства во износ од 336 320 денари. Средствата се наменети за набавка на нова ИТ опрема, со која ќе се подобри работата и услугите кои ги дава општина Дебрца. Исто така со овој грант се набавуваат преносни компјутер за членовите на Советот на општината, со што значително ќе се намалат трошоците за печатење и достава на материјалите за седниците на советот. (Крај)
извор: Општина Дебрца фото: Општина Дебрца
Прочитано: 40