Охрид, 23. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – В понеделник, 26-ти август ќе се спроведе земјено запрашување против комарци.
– Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 21:00 до 06:00 часот. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено охридското крајбрежје на потег од село Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница и Коселска Река, информираат од општина Охрид.
Потребно е пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива